Ѓукановиќ отворено ја обвини Русија за обид за тероризам

Од:

Лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и поранешен црногорски премиер Мило Ѓукановиќ денеска ја обвини Москва дека на денот на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври минатата година, се обидела да предизвика крвопролевање за да оствари засилено влијание на Балканот.

– Тоа беше обид што е генериран од актуелната московска политика која сака да оствари засилено влијание на Балканот, сака да ги подмири своите сметки со западните партнери или противници, пред се со Европа и Америка. Тој обид не можеше да се изврши без помош на домашните потпомагачи, посочи Ѓукановиќ.

Тој додаде дека политичките структури околу Демократскиот фронт се ставиле во уривање на Црна Гора и нејзината иднина во интерес на странски политички центри.

– Тоа што е полошо е дека работат без нималку срам, со гордост ги истакнуваат своите патувања, сите свои комуникации, сите пари кои ги добиле пред неколку дена во Москва со намера да обезбедат дополнителни фоднови за да ја завршат работата што ја почнаа на 16 октомври, наведе Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба