Поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека останува во политиката, но од друга позиција.
Тој за регионалната телевизиска информативна емисија „Окружење“ истакна дека никогаш не калкулира, како и дека досега двапати се повлекувал и повторно се враќал во политичкиот живот.
– Останувам во политиката од друга позиција, зад дневната политичка сцена, посочи Ѓуканович и додаде дека смета дека има и искуство и инспирација да помогне.