Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не ја исклучува можноста за измени на Законот за слобода на вероисповедта, со, како што вели, добри аргументи.
Тој оцени дека е добро што е продолжен дијалогот меѓу владата и Митрополијата црногорско-приморска, но од примената на Законот за слобода на вероисповедта нема да се откаже.
-Ќе се согласиме да слушнеме добри аргументи, и доколку слушнеме добри аргументи, за тоа ќе разговараме, рече Ѓукановиќ, пренесен од подгоричкиот портал Антена М.
Се очекува, вели црногорскиот претседател, дека во тој дијалог ќе дојде до решенија кои се двострано задоволителни, но истовремено истакна „ подготвени сме да ги браниме принципите на кои го донесовме законот, но подготвени сме и да слушнеме и добри аргументи од другата страна“.