Ѓукановиќ: Мета на протестите беше сувереноста на Црна Гора

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Парламентот изјави дека протестите на Демократскиот фронт (ДФ) од старт имале цел која имплицирала насилство и промена на власта на начин спротивен на Уставот на Црна Гора.

Тој наведе дека протестите биле недемократски, насилни и агресивни.

– Политичките сили на протестите со месеци се обидуваа на сите начини да ги заплашат граѓаните со членството на Црна Гора во НАТО. Ги плашеа луѓето дека ќе станеме мета на Исламската држава. Организираа бизарни перформанси пред Парламентот, на кои се симулираше обезглавување од страна на ИД. Сето тоа покажа дека главна мета на протестите беше црногорската сувереност, наведе Ѓукановиќ.

Тој посочи дека и ДФ потврдил оти од првиот ден планирал насилство и дека демонстрациите ќе се сметале за успешни само ако резултатот бил упад во државните институции и противуставна смена на власта.

– Нема опасност дека последните случувања ќе го загрозат патот на државата кон Алијансата. Во овој момент најважен национален интерес е поканата за членство во НАТО, истакна Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер повтори дека Владата е подготвена по поканата за членство во НАТО ќе распише парламентарни избори. 

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба