Косово е доверлив сосед на Црна Гора, порача црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за време на средбата со косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи, кој престојува во официјална посета на Подгорица.
– Посетата на шефот на косовската дипломатија е потврда за континуиран и квалитетен дијалог меѓу двете земји, изјави Ѓукановиќ.
Црногорскиот премиер истакнал дека продолжувањето на соработката меѓу двете држи на политички и економски план, низ процесот на европските и евроатланските интеграции, е пат кон зајакнување на меѓусебната доверба и довербата на меѓународната заедница.
Посебно е нагласено значењето на економската соработка меѓу Црна Гора и Косово нив инфраструктурното поврзување, изградбата на патишта и железници и воведување авиосообраќај.
Тачи изразил лична благодарност за континуираната поддршка на Црна Гора кон развојот на Косово, укажувајќи силна политичка волја и подготвеност преку уставни реформи во текот на оваа година да се дефинира положбата на црногорското малцинство на Косово.