Ѓукановиќ ќе биде сослушан во истрагата за убиството на уредникот на „Дан“

Од:

Вршителот на должноста Главен државен обвинител на Црна Гора, Веселин Вучковиќ, денеска најави дека во следните неколку дена во Обвинителството ќе биде сослушан црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во рамки на истрагата за убиството на главниот и одговорен уредник на весникот „Дан“м Душко Јовановиќ.

Вучковиќ, како што пренесува подгоричкиот дневен весник „Вијести“, најави дека во текот на следните денови ќе бидат сослушани и останатите лица за кои се смета дека би можеле да имаат корисни информации за убиствотот од август 2004 година.

Убијците на новинарот ни по речиси десет години не се откриени, иако за соучесништво единствено е осуден Дамир Мандиќ, кој отслужува 18-годишна затворска казна.

Ѓукановиќ во повеќе наврати тврдеше дека посебно место имаат мерките што се преземаат за да се расчиси ова убиство, потсетувајќи дека на почетокот на годината е формиран предмет во Вишото државно обвинителство со цел да се направи анализа на преткривичните акти и постапувањата на државните органи во тој период.

– Деновиве ја добив поканата на државниот обвинител и одговорно ќе се јавам во првиот термин што ќе ми го дозволат обврските на премиерската функција, потврди Ѓукановиќ кон крајот на мај одговарајќи на пратенички прашања во Парламентот.

Ѓукановиќ тогаш нагласи дека посебна тежина во секоја демократска заедница има убиството на новинар, бидејќи како претпоставка ја остава можноста дека е убиен заради изнесување на своите слободни ставови, што, ако се докаже, би било поразително за секоја демократска заедница.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски