Демократската партија на социјалистите (ДПС) ќе победи на изборите на кои се одлучува дали Црна Гора ќе биде членка на ЕУ и НАТО или руска колонија, порача синоќа лидерот на оваа партија Мило Ѓукановиќ, на завршната конвенција одржана во Спортскиот центар „Морача“ во Подгорица.
Ѓукановиќ оцени дека, листата што ја предводи, со сигурни чекори се приближува до победата на европска Црна Гора, пренесува РТЦГ.
-На овие избори се бранат сите вредности за кои се изборивме пред десет години. На сите им е јасно дека на 16 октоври се одлучува за судбината на државата и дека не се избира само власта. Се одлучува за тоа дали Црна Гора ќе биде членка на ЕУ или руска колонија. На овие избори се покажува кој е за одбрана, а кој за предавство на Црна Гора. Значи, Црна Гора или тие, европските интеграции или тие, порача Ѓукановиќ.
Доколку опозицијата ја освои власта, вели Ѓукановиќ, сака да се откаже од евроатланските интеграцииа и да се откаже од самиот европски пат.
-Сепак, признаваме дека Социјалдемократската партија (СДП) со својот квазилидер се најлошиот производ од владеењето на ДПС. По дваесетгодишната заветрина кај ДПС го свртеа грбот заради неколку мандати, порача Ѓукановиќ, а пренесува РТЦГ.
Лидерот на ДПС изјави дека е ова историска шанса да се поразат оние кои сакаат да го спречат членството на Црна Гора во ЕУ и НАТО.
-Не ја даваме државата, не ја даваме Црна Гора. Сите који сакаат да ја урнат нека знаат дека нараснатата црногорска младост ќе го заштити битието на Црна Гора. Цврсто верујем дека во недела ќе продолжиме со сигурен чекор на патот на политичка стабилност и подобар живот, порача Ѓукановиќ.