Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави денеска во Парламентот дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу исполнување на условите за членство во НАТО, додавајќи дека неговата Влада до крајот на својот мандат, кон средината на следната година, ќе добие повик и ќе и обезбеди влез на Црна Гора во Алијансата.

– Црна Гора за навистина кратко време, може да се каже и рекордно, успеа од обновување на државноста да се најде пред вратата на НАТО, истакна Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер нагласи дека последните анкети покажуваат раст на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата, која изнесува околу 38 отсто, и изрази очекување дека наскоро ќе биде остварена и мнозинска поддршка, каква што постои во Парламентот.

Ѓукановиќ најави наскоро можна посета на високи претставници на НАТО на Црна Гора, како и неговата веќе договорена посета на Брисел.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот