Германскиот претседател Гаук го посети бегалскиот камп во турски округ Кахраманмараш

Од:

Германскиот претседател Јоахим Гаук денеска го посети бегалскиот камп во јужниот турски округ Кахраманмараш, каде се сместени повеќе од 15.000 Сиријци.

– Ние ништо не правиме за прекин на војната во Сирија, но треба да помислиме како повеќе да им помогнеме на сириските бегалци, истакна Гаук.

Тој ја пофли Турција затоа што ги прифатила бегалците од Сирија, како и за доставата на хуманитарна помош.

begalskiKampGerPret

– Ги набљудував напорите што ги вложува Турција, но тука видов дека вложените напори за пружање на помош на тие луѓе се навистина големи, истакна германскиот претседтел.

Повеќе од 200.000 сириски бегалци се сместени во бегалските кампови во јужна и југоисточна Турција.

По посетата на бегалскиот камп Кахраманмараш Гаук ќе се сретне со германските војници, кои се во округот, каде се распоредени двата ракетни комплекси „Патриот“, што беа поставени во јануари минатата година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ