Германски новинари во село во БиХ: Ги симнаа знамињата на ИСИС

Од:

Новинари на германскиот весник „Таџеспигло“ се одлучиле на опасна авантура и ја посетиле Горна Маоча, село во БиХ, кое се смета главен тренинг-камп за борци кои планираат да им се приклучат на џихадистите во Сирија и Ирак.

Тие наведуваат дека Босна и Херцеговина е најголемиот регрутен центар на ИСИС во цела Европа, но не само за Бошњаците од овие простори туку и за оние со германско, австриско и српско државјанство.

jihadBih

-По каллив пат дојдовме до селото, во кое нема ниту сигнал за мобилен телефон. Откако локалното население не забележа, започнаа да ги симнувааат црните знамиња на Исламска држава. На еден ѕид со креда имаше нацртан симбол на ИСИС, но деца веднаш започнаа да го бришат- велат репортерите од Германија.

Според наводите ги пречекал Едис Босниќ, одговорен за вехабиското движење во Горна Маоча и во тој момент бил доста пристоен и мирен. Тој тврдел дека не го подржува насилството иако неговиот профил на „Твитер“ го кажува спортивното.

-Доколку барате терористи, овде сигурно нема да ги најдете. Ние живееме мирен живот, според правилата на исламот и последно што ни треба се новинарите. Имам сопруга, две деца и мојот сон да станам познат одамна исчезна- им рекол Босниќ на Германците.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница