Германската влада: Нема промена на границите на Балканот

Од:

Владата на Германија го нема сменето ставот за неменливост на границите на Западен Балкан, кој канцеларката Ангела Меркел јавно го искажа на 13 август, говорејќи за територијалните разграничувања. Таа истиот став го повтори и во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во одговорот на германската Влада за црногорскиот весник „Побједа“.

„Канцеларката Меркел повтори дека територијалниот интегритет на државите од Западниот Балкан е воспоставен и е неповредлив. Ова е и понатаму став на Сојузната Влада. Владата силно ги поддржува напорите на ЕУ во посредувањето за постигнување на одржливо решение меѓу Србија и Косово“, се потенцира во изјавата на германската Влада за весникот „Побједа“.

Како што е нагласено, преговорите за пристапување на Црна Гора во ЕУ добро напредуваат, меѓутоа позицијата на Германија и понатаму останува непроменета-кандидатите мораат да ги исполнат сите услови пред да влезат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“