Германија со казна за Додик

Од:

Германската сојузна влада донесе одлука за стопирање на проекти во Република Српска, чија вкупна вредност е 105 милиони евра.

Заднината на тоа, како што се наведува во соопштението, е продолжување на сецесионистичката политика на РС и нејзиниот претседател Милорад Додик. За ваквата одлука е информирано Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина и партнерите во проектот, пренесува Дневни аваз.

Како реакција на одлуките на Народното собрание на Република Српска од декември 2021 година за враќање на јурисдикцијата и создавање свои институции со цел слабеење на државата Босна и Херцеговина, германската влада во април 2022 година одлучи прво привремено да стопира четири инфраструктурни проекти. .

Сепак, немаше повлекување на сецесионистичките мерки што ги побара германската влада. Наместо тоа, претседателот и Владата на РС продолжија да ја ескалираат политичката криза. Затоа, германската федерална влада одлучи да не ги рестартира суспендираните проекти.

Оваа одлука не се однесува експлицитно на други германски проекти за развојна соработка кои се спроведуваат на ниво на Босна и Херцеговина или регионот на Западен Балкан, вклучително и РС, како и соработка со граѓанското општество.

Германија, како што се наведува, го поддржува пристапот на Босна и Херцеговина кон Европската Унија и е подготвена дополнително да ја интензивира соработката со Босна и Херцеговина, како во Федерацијата, така и во РС. Основното барање, сепак, е зачувување на мирот, владеењето на правото и територијалниот интегритет на државата Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите