ГЕРБ: Русија не претставува закана за Бугарија

Од:

Бугарската владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов смета дека Русија не претставува закана за Бугарија, отфрлајќи ги при тоа гласините дека „земјата се подготвува за војна“.

– ГЕРБ ги повикува останатите сили застапени во Парламентот да не ги подгреваат стравовите на бугарските граѓани. Во услови на решавање на сложени прашања во глобалната политика треба да ги најдеме најдобрите решенија за Бугарија, изјави претставникот на партијата Валентин Радев.

Според него, како што јави БТА, претставува вистински нонсенс да се подгреваат стравови меѓу граѓаните дека странски војници и вооружени сили ќе дојдат на бугарска територија, во услови кога Бугарија е членка на НАТО и е дел од вооружените сили на Алијансата.

Радев потести дека во Бугарија е стациониран центар на НАТО за управување и превнеција на кризи, додавајќи дека информациите оти таа структура ќе добие нови безбедносни задачи претставуваат „политичка шпекулација“.

Тој негираше дека во тек е мобилизација на резервниот состав на Бугарската армија, нагласувајќи дека се вршат само рутински активности за запознавање на резервистите во која нова единица се прераспределени.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ