Георгиевски за ХРТ: Со Ѓинѓиќ договаравме размена на територии

Од:

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во интервју за ХРТ кажа дека со српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ договарале размена на териотрии меѓу Косово Македонија и Албанија.

„Од македонска страна тоа беа Тетово Гостивар и Дебар, а за возврат требаше да земеме делови од Преспанското езеро, а во Косово да се формализира само таа поделба.

Според Георгиевски, за ова разговарале само Ѓинѓиќ и тој, а планот не бил претставен на никој од албанската страна.

„Не е лоша идеја, сега Албанците нема да го прифатат, тие сметаат дека Косово е цело нивно, а сега имаат и поголем простор во Македонија отколку што имаа. Не знам дали сега тој проект може сега да се прифати“, рече Георгиевски.

Тој кажа дека бил еден од последните што разговарал со Слободан Милошевиќ, кога бил во посета на Љубе Бошкоски.

„Сакаше да се види со мене во Хаг, опседнат беше со албанското прашање во текот на целиот разговор“, рече Георгиевски.

Тој го повтори истото што го има напишано и во биографијата-дека Македонците се најголеми фалсификатори на историјата.

„Во последите три години имаме комплетен фалификат на историјата, мислев дека комунистите се најголеми, но овие сега се покажаа како подобри од нив. Се претворивме во антички македонци. Владата нема да понуди перспектива, па ни ја раскажува приказната која е убава за слушање. Тоа е тежок фалсификат и само ќе не претвори во предмет на потсмев на цел Балкан и во целата меѓународната заедница“, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ