Гардијан: Балканот на мета поради тајни затвори

Од:

Балканот, а особено поранешните републики на СФРЈ, наскоро можат да се соочат со освета од исламските радикалисти, бидејќи дозволиле да се формираат тајни затвори на ЦИА, во која се малтретирани и затворани членовите и осомничените припадници на Ал каеда.

Постоеше верување дека тајни затвори на ЦИА имаше само во десетина држави во светот, што пред неколку години го потврди и Советот на Европа.

Но, Гардијан во својот најнов број, изнесува извештај за организацијата за правда иницијатива, во кој набројува дури 54 држави кои учествувале во контраверзната тајна програма на ЦИА.

Програмата подразбира формирање на тајни затвори надвор од САД, во кои агентите на оваа служба на монструозен начин доаѓале до податоци, од заробените припадници на Ал каеда.

Според пишувањето на „Гардијан“, на Балканот тајни затвори се наоѓаат во Албанија, Ромунија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. За секоја од нив обелоденети се и активностите.

Но, експертите за борба против тероризмот, предупредуваат дека овие податоци може да ја загрозат стабилноста на регионот.

Во извештајот „Гардијан“ наведува дека власите во Босна дозволиле да се употреби воздушниот простор и аеродромите за летови кои се поврзни со активностите на ЦИА, како и создавање на два тајни затвори, на аеродромот Бутмир кај Сараево и базата Орао кај Тузла.

-Во базата кај Тузла биле затворени најмалку осум затвореници – стои во извештајот, во кој се наведува дека еден од затворениците е државјанин на Германија, Абдел Халим Кафаги (69), египќанин роден во Минхен, кој бил држан во тајниот затвор во Тузла.

Во извештајот за контратероризмот на Обединетите нации од 2009 година, Хрватска е една од многуте држави кои учествувале во „програмата за примопредавање на затворениците на различни начини“.

-На удар на евентуална освета од исламските радикалисти, најпрвин може да се најдат државите кој дозволија да се создадат тие тајни затвори на ЦИА – изјави поранешниот шеф на Воено безбедносната агенција ВБА, генерал Момир Стојановиќ.

Според неговите зборови, Србија не треба да се плаши од осветата, но прашање е дали безбедносните служби на Србија ги имале овие податоци.

-Постоењето на тајните бази на ЦИА во регионот е многу важен податок, без оглед на тоа што Србија не учествувала во тоа. Ме интересира дали ние ги имавме тие податоци или не, и што направивме за да ги предвидиме евентуалните акции на исламските екстремисти – изјави Стојановиќ

Злоставување во Скопје

Македонија во извештајот за контратероризам на Обединетите нации од 2009 година, е една од најинтересните држави, затоа што, како што е оценето „имала важна улога во киднапирањето, злоставувањето и затворањето на германскиот државјанин Каледа Ел Масри во Авганистан, во почетокот на 2004 година.

Масри од Германија бил киднапиран во Македонија, каде што е злоставуван 23 дена на тајна локација во Скопје. Тоа се повторило и на аеродромот кога го презеле агентите на ЦИА, кои го соблекле соблекле гол и го малтертирале.

За три години 1.245 тајни летови

За три години, колку европските држави учествувале во тајната програма на ЦИА, над Европа се изведени точно 1245 летови, за кои постојат докази.

Во периодот од 2002 до 2005 година во Европа посебна улога имале Ромунија и Полска.

Во базата Симани неколку месеци поминал и Калид Шеик Мохамед, „главата“ на ударот врз Њујорк на 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ