Питер Галбрајт, првиот амбасадор на САД во Загреб и човекот кој му даде поддршка на Фрањо Туѓман да тргне во акција на чистење на Србите од Хрватска, вели дека не го изненадила ослободителната пресуда на генералите Готовина и Маркач, но и дека доколку тогашниот претседател бил жив сигурно ќе бил осуден во Хаг за „Олуја“.
„Еве сега ви признавам, ако Ратко Младиќ, тој брутален касап, луд убиец, ако не ги наредеше убиствата во Сребреница, ние немаше да дозволиме да падне Крајина. Немаше да им дадеме поддршка на Хрватите за операцијата „Олуја“,
„Не порекнувам дека Туѓман знаеше за злосторствата против човештвото. Туѓман откако заминаа Србите, направи се, тие да не се вратат. Многу куќи беа запалени, многу луѓе убиени, посебно старите и немоќните“.
„Хрватите ако не се однесуваа како што се однесуваа во Крајина, ако не вршеа злосторства, ако убиваа цивили и ако не ги палеа нивните куќи, ќе паднеше и Бања Лука. Ќе добиеа премолчена дозвола да продолжат со акцијата“., рече Галбарјт.
Тој ќе остане запаметен по тоа што се качи на трактор на српската колона со цивили која заминуваше од Хрватска.
„Ден претходно бев во Сисак, кога низ градот поминуваше колона со бегалци. Беа нападнати со камења, ги пцуеа сите. Беше и еден новинар кој работеше за Асошиетед прес. Напиша се што видел, го прочитав тесктот и многу ми падна тешко. Пишуваше дека било убиено дете додека се автомобил биле во колоната. Веднаш отидов кај Туѓман, му реков дека во секоја демократска земја министерот мора да биде сменет. Му реков дека веднаш мора да престане насилството. Беше налутен, како да не ме слушаше. Тогаш му кажав дека ќе ги соберам новинарите и ќе тргнам кон Петриње, а тој нека разлискува што ќе се случи ако меѓи бегалците биде нападнат и американскиот мабсадор“,кажа Галбрајт.