Вучиќ: За мене „Бура“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешната прес конференција ја нарече „Бура“ – најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна.

„Да дадам поддршка на тој чин – не ми паѓа на памет. Србија да ја вовлекувате во прослава за Бура – во тоа нема да учествуваме. Да речеме дека Бура не била етничко чистење? Јас тоа нема да го кажам. За мене Бура е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна“, рече Вучиќ.

„Во ред е да се помириме, но не и да славиме“, рече тој и додаде дека оние кои славеле треба тоа да му го објаснат на народот, алудирајќи на официјалната државна прослава во Хрватска.

„На нивните шест ударни портали објавени се 1.014 текстови против мене. Ако ми кажете дека тоа е случајно и дека не е организирано – многу долго сум во политиката за да поминат такви приказни. Белградската чаршија отсекогаш ја следела загрепската, бидејќи сме мислеле дека така ќе бидеме повеќе европејци ако се додвориме и оддалечиме од националниот интерес на Србија“, рече Вучиќ.

Кога беше во посета на Хрватска, српскиот претседател кажа дека видел оти Србите таму се плашат, а кога посетил едно семејство, почнале да зборуваат нормално дури кога ги спуштиле ролетните.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари