Фулер: Власта на Ердоган во 2015 година ќе почне да се тресе

Од:

Поранешниот аналитичар на ЦИА, Греам Фулер, смета дека власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2015 година ќе претрпи потреси.

Фулер е познат како експерт за Турција и Блискиот исток и има објавено мноштво публикации, анализи и книги за овие проблеми.

На својот блог Фулер дава годишна прогноза за настаните во регионот на Блискиот исток и Турција. На прво место меѓу нив тој го посочува слабеењето на власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а, исто така, и слабеењето на силата на групата Исламска држава (ИД).

Во својата прогноза Фулер наведува дека Иран, Русија и талибанците годинава ќе го зголемат своето влијание во Авганистан.

– И пред ова забележував дека не верувам дека ИД како „држава“ ќе опстојува долго време, пишува Фулер. На ИД и недостасува активна и континуирана политика, сериозни политички и социјални институции, сериозен лидерски ресурс. Раководството и е конфузно и не поседува знаење за воспоставување врски со државите во регионот. како дополнување на ова тврдење, да кажам дека ако ги исклучиме незадоволните сунити во Ирак и Сирија, ИД од себе одби голем дел од сунитите во светот, пишува аналитичарот.

На истиот блог Фулер тврди дека годинава ќе се зголеми улогата на Иран во регионот. Според него, САД и Иран ќе ги нормализираат своите односи.

– И двете страни немаат друг излез освен да постигнат успех во нормализирањето на своите односи, забележа тој.

Според него, Иран и Турција се двете „реални влади“ во регионот и тој прогнозира дека државите од Заливот одново ќе ги разгледаат своите односи кон Иран.

– Влијанието на Иран во регионот ќе расте заради непрекинатите обиди на Израел да го наметне своето влијание врз Палестина, додаде Фулер.

То посебен дел од својата прогноза му посветува на турскиот претседател за кого пишува дека „Ердоган во 2015 година ќе сфати дека неговата власт почнува да се урива“.

Подвлекувајќи дека Ердоган како премиер на Партијата на правдата и развојот (АКП)/ во текот на првите 10 години од своето владеење постигна блескави успеси, аналитичарот забележува дека „после сето тоа, меѓутоа, Ердоган потона во обвиненијата за корупција, што беа упатени против него, и параноично почна да ги напаѓа сите кои го критикуваат и него и неговото деспотско владеење“.

Аналитичарот уште додава дека Ердоган им штети на институциите и е на пат да се уништи како самиот, така и партијата што самиот ја создаде. Тој пишува: „Верувам дека се додека Ердоган не го загуби угледот во очите на народот, тој институциите ќе ги насочува кон антидемократски дејствија и насилство“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ