Фотографијата што ги налути Турците

Од:

Фотографијата на која американскиот претседател Барак Обама му телефонира на турскиот премиер Ердоган, додека во другата рака држи безбол палка предизвика бурни реакции во Турција.

„Оваа слика открива од кого нашиот премиер добива наредби како да управува со својата земја“, гневно коментира Метин Луфти од Републиканската народна партија. Потпретседателот на партијата Умут Оран изјави дека сликата е „прикриено понижување на Турција и нејзините граѓани“.

Реагирајќи на обвинувањата Белата куќа објави соопштение во кое се вели : „Ја објавивме фотографијата од една единствена причина-за да ги прикажеме добрите односи помеѓу претседателот и премиерот Ердоган“.

Се огласи и турскиот премиер. На турската телевизија тој рече дека Обама му е добар пријател кој кон него се однесувал секогаш со почит и љубезност. Колумнистот на турскиот весник „Херијет“ ја коментираше фотографијата на следниов начин:

„Мора нешто да преземеме-осветата е изгледа најдобар начин. Нашиот премиер мора да држи нешто во раката кога му телефонира на Обама, додавајќи дека можеби наприкладно е да се слика по папучи со каиш во раката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски