ФОТО: Знаме на Исламска држава закачено на куќа во БиХ

Од:

Знаме на терористичката организација ИСИС е забележано на куќа во село Горња Маоча во околина на Брчко во БиХ, пренесе српски „Курир“.

Ова е прв пат симболот на екстремистичката организација да биде закачено на куќа чиј што сопственик се уште не е познат.

Како што сведочи фотографијата на прозорците има уште две знамиња со обележја на Исламска држава, а на фасадата се исцртани уште симболи на оваа терористичка организација.

idZname-bih

Како што пренесе весникот и на други објекти во истото село се забележани обележја на ИСИС и не е познато дали некоја институција реагирала, бидејќи никој официјално се уште не се огласил.

Инаку според наводите Горња Маоча е седиште на вехабиски заедници, а босанските медиуми пренесуваат дека нејзините жители речиси една деценија се под истрага на полициски и разузнавачки агенции поради сомнеж дека се поврзани со тероризам.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница