ФОТО: Висок функционер од партијата на Ердоган поднесува оставка бидејќи пиел алкохол

Од:

Турската владејачка Партија за правда и развој побара од висок официјале регионален претставник на таа партија да поднесе оставка, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како тој пие алкохол.

На фотографиите се гледа како Мустафа Челеби шеф на партијата во дистрикт во југозападната провинција Мугла пие алкохол со двајца свои колеги, објави весникот „Хуриет“.

Весникот објави дека партијата испратила свој член од соседната провинција Измир да изврши истрага за обвинувањата, а на заменикот-лидер на партијата Сулејман Сојлу му била дадена препорака Челеби да поднесе оставка.

Сојлу се согласил Челеби да поднесе оставка и очекува тој да го направи тоа во почетокот на следната недела.

Алкохолот е дозволен во Турција и алкохолните пијалаци се лесно достапни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ