(ФОТО) Србија: Црква во која може да влезат само тројца верници

Од:

Во село Дојиновиќ на јужната страна на Голија, се наоѓа најмалата црква во Србија, посветена на Светата маченичка Марина.

На рид обраснат со трева и ретки растенија високи на надморска височина од 1.200 метри, далеку од патот стои најмалата црква на просторите на поранешна СФРЈ.

Експерти од Заводот за заштита на споменици, кои ја ставија во списокот на имот од големо културно значење утврдија дека е изградена во средината на 17 век.

najmala-crkva1

-Според преданието тогашниот турски ага дозволил изградба на црква под услов да биде на непристапно место и голема колку што може да биде изградена за едно деноноќие, објаснува свештеникот Далибор Лазиќ.

Црквата спаѓа во негова парохија, и тој ја отвора на Огнена Марија и на Велигден.

Надворешните димензии на црквата изнесуваат 2,62 метри ширина и должина, со висина од 1,80 метри, а во внатрешноста просторот од влезот до олтарот, има само 1,5 метри.

najmala-crkva2

Доколку во црквата, во исто време влезат три возрасни лица и свештеникот, никој од нив нема да може ниту да се прекрсти.

Фреските од 17 век се сочувани, а 1968 и 2008 година зидовите и кровот се реконструирани и конзервирани, изјави свештеникот Лазиќ, и додаде дека во последните години се повеќе луѓе доаѓаат околу црквата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ