ФОТО: Штрајк на вработените во погоните на „Рено“ и „Фиат“ во Турција

Од:

Вработените во фабриките на „Рено“ и „Фиат“ во турскиот град Бурса стапија во штрајк со барања за повисоки плати и за подобрување на условите за работи, обавија денеска турските медиуми.

Штрајкот го потврди претставник на „Рено“, кој соопшти дека вработените во погонот на францускиот автомобилски гигант во турскиот град Бурса ја прекинале работата во четвртокот вечерта.

Според него, штрајкот „не е во согласност со Законот за труд и другите документи што ја регулираат оваа сфера“.

Тој додаде дека во штрајкот учествуваа околу 2.500 вработени, кои протестираат пред и во фабриката во Бурса.

Турција штрајк Фиат

Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека вчера во штрајк стапиле и работниците во фабриката „Тофаш“, која е во заеднича сопственост на „Фиат“ и турската компанија „Коч Холдинг“. Кон штрајкот во погоните на „Тофаш“ во Бурса се приклучиле околу 5.000 работници.

Во фабриката „Ојак Рено“ во Бурса лани биле произведени 318.000 автомобили, што преставѕва над 43 проценти од вкупното производство на турската автомобилска индустрија.

„Тофаш“ пак годишно произведува по околу 240.000 возила од марките „Фиат Линеа“ и „Фиат“ Добло“, како и модели на „Пежо“, „Ситроен“, „Опел“ и „Воксхал“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ