На главата на неидентификуваниот маж, во висина на очите, била замотана и селотејп трака.
Телото на неидентификуваниот маж е пронајдено во реката Сава, неколку стотина метра од мостот во Остружница, пренесува Telegraf.rs.
Телото се довлекло до крајбрежјето на реката, каде е утврдено дека на нозете со коноп биле заврзани две бетонски цигли, а на главата во висина на очите била замотана и селотејп трака.
Откако телото било извлечено од водата, извршен е комплетен полициски увид, а потоа телото е однесено на Институтот за судска медицина, каде со обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта.