Руски спасувачи, кои изминативе денови помагаа во поплавените подрачја, денеска заминаа од Србија.
Заменик министерот за вонредни состојби на Русија, Едуард Чизиков рече дека е завршена спасувачката операција во Србија и упати пофални зборови за припадниците на руската спасувачка екипа, за храброто дејствување.
Тој на руските спасувачи им ја пренесе благодарноста од владата, а посебно од Министерството за внатрешни работи и одбрана на Србија.
Е. Г.