ФОТО: Овие деца ја водат Србија

Од:

Никола Селаковиќ

562138_nikola-selakovic_ff

Министерот за правда вели дека имал желба да стане патријарх и дека го сакал сликањето. Роден е во Нова Варош, а на возраст од шест години се преселил во Белград каде што бил многу тажен бидејќи не можел за време на викендите да оди на село, пишува српски „Блиц“.

Кори Удовички

562135_kori-udovicki_ff

Удовички која што е министар на локалната самоуправа и државна управа во Владата на Република Србија и поранешен гувернер на Народната банка на Србија вели дека иако е родена во Боливија, сепак спомените од најраното детство ја врзуваат за Белград. Името и го дала нејзината мајка која во тоа време го истражувала јазикот на Инките, според кој Кори занчи сонце.

Борис Тадиќ

562153_boristadicok_ff

Лидерот на СДС и поранешен претседател на Србија кој пораснал на Дорќол, бил темпераментно дете, а неговата мајка Невека вели дека немало подобар од нејзиниот син.

Маја Гојковиќ

562136_majagojkovic_ff

Претседателката на Собранието и функционер на СНС потекнува од Нови Сад. Била добро дете и одличен ученик. Таа се сеќава на единствената непромисленост која што ја направила во детството, односно кога со црвен кармин на мајка и го исцртала белиот фустан кој што татко и и го донел од странство. Се занимавала со балет, а на 14 годишна возраст одлучила дека ќе се запише на политички науки и дека ќе се занимава со политика. Мајка и ја посоветувала да запише право и на 24 години станала адвокат.

Братислав Гашиќ

562130_bratislav-gasic_ff

Министерот за одбрана кој потекнува од Крушевац признава дека бил немирно и темпераментно дете.

-Кога бев мал ме викаа Гаша. Бев немирно дете но имав многу другари. Обожавав да играм фудбал – вели за „Блиц“, Гашиќ.

Александар Вучиќ

562152_aleksandarvucicnekadisadkaodeteok_ff

Претседателот на Владата бил одличен ученик и во основното училиште и во Земунската гимназија, победник на градските и републички натпревари по историја, но и пионерски првак во шах во Белград. Тренирал кошарка и играл фудбал.

-Како дете бев немирен и непослушен, по цел ден бев надвор и играв фудбал и кошарка. Но секогаш бев добар ученик -вели тој.

Милутин Мркоњиќ

562137_milkutin-mrkonjic05_ff

Функционерот на СПС и поранешен министер вели дека израснал на Славија.

– Имаше тука доста простор за игра и убаво детство. Тука се роди и првата љубов кон градежништвото. Беше тоа во педесетите години кога во тој дел од градот се ѕидаа големи згради. Целиот живот ми се случуваше во близина на крајот во кој израснав. Секогаш бев добар ученик. Како дете ме викаа Медвед, бидејќи бев поголем од моите врсници, а Мрка подоцна во гимназиските денови – раскажува Мркоњиќ.

Снежана Богосављевиќ 

562156_snezana-bogosavljevicok_ff

Богосављевиќ која што е министерка за земјоделство и заштита на животната средина вели дека како дете била доста дружељубива и дека ги сакала животните. Често во својот дом носела мачки од улица, поради што родителите ја критикувале.

Бојан Пајтиќ

562147_bojan-pajtic_ff

Лидерот на ДС вели дека бил доста совесно и агилно дете. Посетувал музичко училиште, тренирал атлетика, глумел во аматерскиот театар и бил одличен ученик. Меѓутоа бил тажен бидејќи немал брат или сестра. Тој додава дека разговарал на таа тема со родителите, но дека откако разговорите не вродиле со плод, тој ги бојкотирал односно не разговарал со нив се додека не ја добил сестра си Ивана.

Драган Марковиќ Палма

562139_palma00_ff

Лидерот на ЈС за „Блиц“ вели дека како дете никогаш не се играл.

– Татко ми и дедо ми имаа своја фирма и со нив од мали нозе правев тули. Секогаш имав работни обврски и немав време за игра. Не одев ниту на море, а татко ми велеше ќе одиш кога другите нема да можат. Првпат видов море на 19 години. Бев добар ученик. Денес се играм со внуците, за да го надополнам она што го пропуштив во детството – вели тој.

Иван Тасовац

562132_ivan-tasovac00_ff

Српскиот министер за култура вели дека мајка му редовно му го читала Бенџамин Спок, кој во тоа време бил хит во воспитување на децата.

– Моето воспитување беше чудна мешавина од американска психологија и балкански ум. Кон фудбалот имав целосно ренесансен однос, играв секаде. Бадниковата вечер ја пречекував кај баба и дедо, а Божиќ во родителскиот дом.

Жарко Кораќ

562145_zarko-korac_ff

Поранешен заменик на премиерот и основач на СДУ, вели дека Белград во кој израснал не личи на денешниов.

-Улиците беа пусти, бидејќи немаше автомобили, па често се игравме на нив. Вечерите беа тивки, телевизија немаше , а и радио апаратите беа во мал број. Зимно време се санкавме на Ташмајдан, а во летото се капевме во Сава- вели Кораќ.

Расим Љајиќ

562141_rasimfudbal_ff

Министерот за трговија вели дека училиштето и фудбалот го одбележале неговото детство.

-Детството го поминав на ливадите. Бев најдобар ученик и еден од подобрите фудбалери во мојата генерација. Не бев немирно дете – раскажува тој.

Синиша Мали

562143_sinisa-mali00_ff

Градоначалникот на Белград вели дека како мал бил дебело немирно дете, кое не се делело од топката. Возел велосипед, а обожавал и санкање.

Зорана Михајловиќ

562146_zorana_ff

Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура е родена во Тузла, но сите спомени од детството ја врзуваат за Нов Белград, каде што како ученик на генерацијата го завршила основното училиште. Таа вели дека била немирно дете, исто како и нејзиниот син денес. Доста рано научила сама да се бори за себе, а знаела и физички да се пресмета со оние кои велеле дека е дебела.

Вања Удовичиќ

562144_vanja-udovicic01_ff

Министерот за спорт и млади вели дека одсекогаш го сакал спортот, особено водените спортови. Тој додава дека пливањето му било монотоно поради што се определил за ватерполо, меѓутоа секогаш сметал и дека образованието е исто така доста важно.

Ивица Дачиќ

562133_ivica-dacic_ff

Министерот за надворешни работи со гордост истакнува дека е дете од село, син на полицаец и домаќинка. Бил беспрекорен ученик од основното училиште па се до завршување на студиите, а научил да чита уште во третата година.

Политичките амбиции биле видливи уште во времето кога како дете гледал дневник.

-На родителите и на соседите им ги раскажував вестите, глумејќи спикер. До петтата година научив убаво да пишувам, но ги знаев и сите главни градови, реки и планини – вели Дачиќ и додава дека сепак со радост се сеќава на времето кога баба Олга му подготвувала, суво месо, кајмак и пржени компири.

Драган Ѓилас

562168_dragan-djilasokok_ff

Поранешниот лидер на ДС истакнува дека бил немирно дете.

-Често зборував на часовите, но бев добар ученик па ме толерираа. Ме нарекуваа Дики, а многу го сакав спортот – раскажува тој.

Александар Антиќ

562171_antic_ff

Министерот за рударство и енергетика вели дека детството му го одбележале училиштето и спортот. Како дете живеел во центарот на Белград, а бил среќен кога со мајкаму и баба му одел на пазар.

-Од мал ме викаа Саша и кога ќе ги слушнев родителите како ми се обраќаат со Александар, знаев дека сум направил нешто што не треба. Училиштето и спортот ми беа преокупација. Бев полн со енергија, но како што вели мајка ми добро и послушно дете – вели Антиќ и додава дека тренирал пливање, фудбал, коашарка но играл и пинг понг и шах.

Александар Шапиќ

562173_sapic_ff

-Имав среќно детство и бев омилен во друштвото. Поради тоа што од мал започнав да се занимавам со спорт, со родителите одев на море само до деветата година, а најдраги ми се одморите кои ги поминавме во Хрватска- раскажува Шапиќ .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници