Фотиу: Кипар нема да биде база за воените напади врз Сирија

Од:

Кипарскиот министер за одбрана Фотис Фотиу изјави денеска дека зајакнатите активности на военопоморските сили на САД, Русија и Франција во источниот дел на Медитеранот оваа недела се „нормална појава, имајќи го предвид развојот на настаните во Сирија“ и додаде дека тоа не треба да предизика паника.

Фотиу ги увери кипарските граѓани дека Кипар нема да биде искористен како база за извршување на воени напади врз Сирија и нема да биде цел на напади при евентуалниот конфликт.

– Нема причина за паника. Кипар е безбедно место, нагласи министерот.

Фотиу истакна дека доколку е неопходно Кипар е подготвен да ги оствари своите обврски во хуманитарната сфера и да обезбеди безбедна евакуација на Европејци и граѓани на други држави од воената зона.

Кипар се наоѓа на околу сто километри од Сирија. На островот се распоредени две британски воени бази, како и најголемата во регионот британска станица за електронско следење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија