„Форбс“ ги објави најбогатите бизнисмени во регионот

Од:

Ивица Тодориќ со 735 милиони евра, Миодраг Костиќ со 520 милиони евра и Санди Чешко со 460 милиони евра ја предводат овогодишната листа на магазинот „Форбс“ на најбогати бизнисмени од регионот, пишува Јутарни лист.

Првото место на сопственикот на Агрокор веќе со години е недостижно, а од Хрватска високо котира и сопственикот на Атлантик група, Емил Тедески, со богатство проценето на 290 милиони евра.

-“Кралот на челикот“ Минчо Јорданов, цврсто се држи на првото место на листата најбогати Македонци врз основа на пазарната капитализација на акциите што ги поседува во неколку компании, нему му се приближува Андреа Јосифовски, сопственик на енергетската компанија АД Макпетрол, пишува Јутарњи.

Во Србија, Миодраг Костиќ го симна од тронот Мирослав Мишковиќ, сопственик на Делта Холдинг, чии приходи значително се намалија по судскиот процес што се води против него.

Состојбата во словенечкиот сектор минатата година се подобри, а на листата најбогати прв и понатаму е Санди Чешко, сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот Студио Модерна. Потоа следат сопружниците Албин и Татјана Добершек (274 милиони евра), основачи на Engineering Dobersek, успешни поради иновациите и патентите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ