Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Од:

Како што неофицијално јавува Б92.нет, осмоодделенец од ОУ „Сечењи Иштван“ во Суботица избодел со нож девојче, исто така ученик на училиштето.

Неофицијално, околу 13 часот и 15 минути, кај училишниот полицаец бил пријавен напад на девојче кое се здобило со расекотини.

Девојчето се здобило со повреди на раката и ногата и веднаш било пренесено во Општата болница во Суботица. За среќа, не е опасно по живот.

„Ми се јави син ми да дојдам брзо да го земам бидејќи девојчето беше избодено, а другите деца ги фати паника“, изјави за Subotica.com еден од родителите кои веднаш се собраа во училиштето.

„Не знаеме што точно се случило, но децата се многу исплашени, ова навистина ги надмина сите мерки, ни рекоа дека е изолиран инцидент, но јас размислувам верувајте од понеделник да го префрлам детето во друго училиште ова не ни треба во животот“, пренесува изјава од родител овој портал.

Тие наведуваат дека соговорникот е револтиран и дека вината ја насочува кон училиштето и директорката бидејќи, како што вели, и последниот пат кога се случил инцидентот, кога родителите протестирале, таа не се ни симнала да им се обрати.

„Тогаш никој не сакаше да ни се обрати, да објасни за што се работи, што се случило и што ќе се прави, згора на тоа ни се закануваа, ја имам таа порака на телефон, дека ќе добиеме пријави дека сме се обратиле до новинари, ни рекоа дека тоа момче ќе дојде под придружба, не било така, школски полицаец и денес нема, како што немало и тогаш, а еве ги проблемите“, вели наш сограѓанин, чиј син оди во ова училиште.

Од полицијата во Суботица за овој портал потврдија дека инцидентот се случил и дека е во надлежност на судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица. Дознаваат дека момчето (Н.П.) се сокрило во училиштето откако го повредило девојчето и не сакало веднаш да се појави кога полицијата го побарала.

Инаку, во истото училиште минатата година ученик и се заканувал на професорката по хемија со смрт, потсетува Subotica.com

На лице место неколку ученици рекле дека момчето е проблематично, не бил многу популарен, имал свое друштво. Инцидентот се случил на час по информатика, а вработените веднаш по сознанието ги однеле децата на безбедно, пренесува порталот.

Во групата родители на Вибер попладнето било потврдено дека во училиштето имало насилство, но дека сите ученици се здрави. Исто така, се наведува дека Училиштето презело чекори во својата надлежност и вклучило институции од надворешната заштитна мрежа, кои веднаш реагирале. Известени се Управата на училиштето и Министерството за образование – наведуваат во групата и додаваат дека од понеделник, колку што е потребно, Заштитниот тим ќе организира активности за ослободување од стресот што го доживуваат учениците, за да можат да продолжат со својата работа, пренесува Subotica.com.

Би можело да ве интересира

Објавена е нова анкета за претседателските избори во Хрватска

Предраг Петровиќ

По посетата на Курти, од Србија порака за Босна и Херцеговина: Повеќе не барајте поддршка за територијалниот интегритет

Предраг Петровиќ

Насилство во Скопје: 43-годишен маж ја нападнал неговата поранешна сопруга

Горан Наумовски

Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Курти го обвини Белград за прекинот на струја во Косово: Терористички напад

Ава Карабатиќ ја претстави изборната програма: „Полиграф за политичарите“

Предраг Петровиќ