Финансирањето на партиите се крие како змијата-нозете

Од:

Како змијата нозете, така и политичките партии кријат како се финансираат, колкав им е имотот, како и од кого се парите за скапите кампањи.

И ова не е сликата само за Македонија, цел Балкан се соочува со овој, можеби најголем извор на корупција. Законската регулатива некаде е комплетирана, некаде е во фаза на изработка,но она што недостасува е вистинската волја кај политичките играчи да ги отворат картите, ова се заклучоците и согледувањата од Конференцијата „ Пари и политика, Црна Гора и регионот“, кој се одржува во Подгорица. Невладините организации и медиумите отворено проговорија за состојбите во нивните земји, и она што е заедничко за сите е речиси комплетна нетранспарентност на надлежните институции и на партиите.

Различни се законски дозволените начини на финансирање, но она што загрижува е што во јавноста никаде не излегуваат вистинските финансиери.

Претставниците на Хрватска, која беше посочувана како позитивен пример, укажаа, Хрватска можеби отвори пат и високи функционери да одговараат за корупција и криминал, но тоа е мала капка во морето, и не се сигурни дали до крај вистинески ќе се спроведе целата операција.

За да се стави крај на оваа сива и забранета зона, треба да се размисли освен, предвидените затворски казни, да се предвиди конфискација на имотот на партиите, донаторитефирми да не смеат да учествуваат на владини тендери, или да им се забрани на политичките партиите кои се фатени во нелегално финансирање, забрана за учество во наредната изборна трка.

Како претставник на Конференцијата ,активно со свои предлози , ставови и видувања, учествуваше Граѓанската асоцијација МОСТ од Република Македонија.

Од Подгорица за А1, Катерина Цаневска Арсовска

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски