Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, денеска ќе допатува во дводневна посета на Тирана.
За време на престојот тој ќе се сретне со шефот на албанската држава,Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со министерот за надворешни работи, Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама.
Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со лидерите на албанската политика ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.