Филе побара од Бериша и Рама фер избори во јуни

Од:

Комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Фуле за време на неговата посета на Тирана побара од премиерот Сали Бериша и од лидерот на опозицијата Еди Рама организирање на фер и демократски избори, пренесе Макфакс.

На средбите со Бериша и Рама, Фуле побарал надминување на политичките проблеми меѓу власта и опозицијата во однос на организирањето на парламентарните избори во јуни годинава.

Партиски извори на демократите и социјалистите наведуваат дека Филе особено ја нагласил потребата и за зголемување на политичкиот дијалог во земјата со цел да се усвојат и трите реформски закони од страна на Парламентот заради што е закочена албанската интеграција во ЕУ.

Бериша нагласил дека активностите ги блокира опозицијата, додека Рама побарал гаранции за да нема манипулации на изборите во јуни.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски