Филе: ЕУ се труди билатералните прашања на земјите-аспиранти да не ги „минираат“ преговорите за членство

Од:

Прашањето за проширување на ЕУ денеска се гради врз основа на искуството од претходните проширувања и земјите-членки ги носат одлуките едногласно, со што процесот  добива поголема политичка контрола од нивна страна, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

– Од друга страна, се создаваат повеќе можности за комплицирање на пристапниот процес, кога земјите-членки можат да речат дека не се согласуваат и процесот не може да продолжи, додава Филе во интервју за портало „Еуроактив.цз“.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Филе оценува дека некои од билатералните прашања на земјите-аспиранти може да доведат до ситуација каде што процесот на проширување ќе стане нивни заложник.

Поради тоа, според Филе, Европската комисија оваа година сака да се посвети на тоа, бидејќи  во земјите на Западен Балкан особено има многу отворени прашања, како меѓу земјите-членки и аспиранти, така и меѓу самите земји-кандидати.

– Како што целиот регион се повеќе и повеќе се ближи до отворање на пристапните преговори, се повеќе и повеќе ни е важно отворените прашања да не станат „мини“ кои би ги кочеле преговорите за членство, додава еврокомесарот.

Во врска со темпото на пристапните разговори со Исланд, Филе вели дека тие не се замрзнати, но се има разбирање за тоа дека за време на кампањата пред парламентарните избори кои ќе се одржат во оваа земја во април, политичките институции не се подготвени да преземат некои важни одлуки.

Еврокомесарот за проширување ги оцени како шпекулации тврдењата дека Хрватска има проблеми во исполнувањето на некои услови и оценува оти Загреб е подготвен за влез во ЕУ и ги исполнува обврските кои ги превзема во рамки на пристапните преговори.

– Хрватска е прв кандидат кој во рамки на пристапните преговори поминува низ строг мониторинг во чии рамки секој шест месеци имаме оценувачки извештаи. Иако на крајот на минатата година ја потсетивме Хрватска да реагира во некои делови, тоа во никој случај не значи недоверба од наша страна, подвлекува Филе во интервјуто.

Во врска со спорот на Загреб со Словенија за „Љубљанска банка“, Филе потсетува дека сите земји-членки се обврзале процесот на ратификација на хрватскиот Договор за членство да заврши во првата половина од годинава, со можност државата да стане членка на ЕУ на 1 јули, како и дека Хрватска се задолжила да се посвети на билатералните прашања.

Во врска со Турција, мислењето на Филе е дека ќе има напредок во односите со ЕУ и покрај тоа што постојат поглавја од преговорите кои ги блокираат некои земји-членки.

Според него, во интерес на ЕУ е да бара реформи од Турција во областа на почитувањето на основните човекови  права и слободи.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он