Фетхулах Ѓулен бара политички азил во ЈАР

Од:

Исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен се обидува да добие политички азил во Јужна Афтиканска Република (ЈАР), во случај да биде екстрадиран од САД на барање на Турција, јави турскиот портал „Ворлд булитин“.

Порталот наведува дека Ѓулен бара од невладини организации во ЈАР да побараат од претседателот Џејкоб Зума да му даде политички азил.

– Лидерот на движењето „Хизмет“ (Служба) сака да добие политичлки азил во африканската држаа, ако Анкара побара екстрадикција или ако биде обвинет за обвиненијата кои се покренати против него во Турција, пишува „Ворлд булитин“.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во март изјави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама побарал Ѓулен да биде екстрадиран од САД, под обвинение дека претставува закана за националната безбедност во Турција.

Ѓулен е во егзил во САД од 1999 година.

Ердоган смета дека истрагата за корупција, која почна на 17 декември минатата година, е заговор против него, а е раководека од Ѓулен, кој е поранешен соработник на турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ