БиХ нема закони против фашизмот, ултрадесничарските движења се уште дејствуваат во Србија, а во Хрватска има погрдни извици на стадионите
Покрај зградата на Парламентарното собрание на БиХ во Сараево не е реално некој да прошета во нацистичка униформа со кукаст крст и на полицајците пред зградата да им упати поздрав Хајл Хитлер, но правно сосема е можен таков нешто такво, бидејќи пратениците кои седат во таа зграда со години не усвоија закон со кој ваква постапка би можела да се казни.
Во БиХ не постои закон за забрана на дејствување на фашистички и неофашистички организации и употреба на нивни симбили, за разлика од многу држави во Европа, бидејќи не постои ни согласност на политичарите по ова прашање.
Прашина во очи
– Проблемот за повеќегодишното неусвојување на законот се наоѓа во суштината на фашистичката ориентација на голем број на членови на Парламентарното собрание на БиХ, иако тие никогаш тоа јавно не го декларираат, тврди Светлана Броз, претседателка на здружението „Гариво“, кое подготви предлог закон и организираше петиција за поддршка за негово усвојување.
Советот на министри на БиХ го утврди предлог-законот, чија цел, како што е наведено, е да се спречи поттик на национална, расна или верска омраза и насилство меѓу народите и граѓаните на БиХ, кој Претставничкиот дом на Парламентарното собрание во мај 2010 година не го прифати.
Како што наведе Светлана Броз, немало доволен број на гласови од пратениците од Република Српска. Причината е делот во кој се наведува дека со законот би било забрането дејствување на четнички, усташки и организации кои ја следат традицијата на Ес-Ес Ханџар дивизијата. Меѓутоа, пратениците од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) бараа од тие одредби да се исклучи зборот четничка организација.
– Четничкото движење беше ослободително, а неговиот водач во Втората светска војна Дража Михајловиќ всушност беше на чело на борбата против фашизмот, инсистираа пратениците на СНСД на бурна седница на државниот Парламент во таа 2010 година. По четири години се уште не постои решение за проблемот на презицирање на некои организации, а не постои ни закон.
– Закон без формулирање кои се фашистички организации во БиХ би бил лесно усвоен во Парламентот, но не би имал правно дејство, бидејќи би бил само форма без суштина и затоа неопходно е експертите од Владата на БиХ никогаш да не дозволат таков предлог да испратат во процедура, смета Светлана Броз.
Таа додава дека таквите закони фрлаат прашина во очи на меѓународната заедница, бидејќи всушност се фалсификати на вистинските закони, но постојат, па така ги исполнуваат барањата на Европската унија.
Од фашистички организации во политиката
Во Хрватска и Србија се усвоени закони кои таксативно не наведуваат одредени организации во своите одредби. Меѓутоа, наспроти постоење на забрана за фашистичко и неофашистичко дејствување, многумина сметаат дека тие не претставуваат решение за таа појава.
Среќко Шекељиќ, активист и блогер за Б92 вели дека медиумите до сега не забележале ниту еден случај за примена на кривични одредби од овој закон во Србија.
– Уставниот суд на Србија во 2011 година ја забрани работа на организацијата Национален строј, а во 2012 година е забранета работата на Татковинското движење „Образ“, но не врз основ на овој закон, туку поради директно кршење на Уставот, вели тој.
Тој објаснува дека со тоа судот не забрани дејствување на членови на овие поранешни организации, бидејќи на пример лидерот на „Образ“ Младен Обрадовиќ, на минатите избори во Србија бил кандидат за пратеник на листата на Српската радикална партија (СРС).
– Ултрадесничарските организации, кои директно пропагираат фашистичка идеологија и супремација на една општествена група над друга, главно се прикрија и формално се тргнаа од очите на јавноста, смета Шекелиќ.
– Други се обидоа да усвојат до некаде прифатлива реторика и да се кандидираат на изборите, за да добијат каков таков легитимитет за својата работа, како што тоа го направија движењата „Двери“ и „1389“, додека Српското народно движење „Наши“ се приклучи на „Образ“ на листата на СРС. За среќа, ниту една од овие организации, па ни српските радикали, не добија мандат да ги претставуваат граѓаните во Собранието, истакна тој.
Шекелиќ наведе дека, покрај тоа што организациите формално ја сменија својата реторика, преминаа во политиката или прекинаа со јавни активности, поединци и неформални групи и понатаму го кршат законот целосно неказнето.
– На пример, хулиганските групи на Црвена ѕвезда, Партизан и Нови Пазар имаа размена на пароли со кои се шири национална омраза и нетрпеливост на национална и верска основа, со величење на постапката која доведе до геноцид во Сребреница и погроми во текот на војната во БиХ. Сето тоа беше добро видливо во медиумите, но надлежните не покренаа постапка за казнување на организаторите и извршителите кои биле снимени со камери.
Последиците од извикување на пароли на стадионите и тоа како ги почувствува фудбалерот Јосип Шимуниќ, кој поради поздравот „За дом…“, на кој навивачите му одговараа „… Спремни“, го казни Светската фудбалска асоцијација, а поради тоа не играше за репрезентацијата на Хрватска на неодамна одржаното Светско првенство во Бразил.
Демонизација на антифашизмот
Весна Тершелиќ од Центарот за соочување со минатото „Документа“, смета дека Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ) треба почесто да постапува по службена должност, кога се работи за Законот за забрана на фашистички и неофашистички организации и одбележја.
– На пример, во случајот со Шимуниќ постапуваше ФИФА, а не ДОРХ, вели таа и додаде дека во Хрватска антифашизмот е редуциран. – Толку е редуциран што оваа пролет покренавме Антифашистичка лига на Хрватска, а јас не очекував дека во ова време во Хрватска треба да се основа нешто такво.
Меѓутоа, според неа, не може целата одговорност за појавата на фашизмот да се фрли само на институции кои се надлежни за кривично гонење. Објаснува дека исто така е многу важно да се создаде општествена клима каде ќе следи јавна осуда по секоја таква постапка. Сепак, додава таа, се постапува прашањето колку нашите општества се зрели и колку другите Владини институции се подготени да работат на превенција и на образование.
– Ако цел стадион на секој втор фудбалски натпревар викаат „За дом… Спреми“, надлежното општинско и државно обвинителство може да смета дека појавата е толку проширена што со својата проширеност добила легитимитет, а тие не се подготвени да ја санкционираат. Другите институции не направија тоа што требаше, а фактот дека во Хрватска освен што се правеше од 90-тите па наваму, е демонизиран антифашизмот, а не четништвото и усташтвото.
Сличен став има и Среќко Шекелиќ.
Не се информирани
– Денес во Србија можете да прошетате со кукаст крст на маица или со натпис „Нож, жица, Сребреница“, па дури и да ја пеете таа мантра среде улица – полицаец нема да ви пријде ако притоа не сте премногу гласни. Во најдобар случај ќе ве легитимира и ќе ве пушти да продолжите по својот пат.
Шекељиќ заклучува дека изгледа ни полицијата ни обвинителството во Србија „не се информирани“ дека овој закон постои веќе пет години.
Од друга страна, се чини дека некои парламентарци во БиХ „не се информирани“ дека непостоењето на таков закон е цивилизациски срам за 21-от век, кој стои како споменик на политичарите за паднатите во борбата против фашизмот.
Ал Џезира Балкан – Сараево