Евростат: Бугарија во 2012 година најчесто им давала државјанство на Руси

Од:

Во текот на 2012 година Бугарија им доделила државјанство на 1.700 странци, од кои 96,9 отсто не се од државите од ЕУ, покажуваат денеска објавените податоци на Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Во најголем процент или во 23,4 проценти од случаите, бугарско државјанство им било доделено на Руси. Бугарско државјанство добиле и 16,3 отсто Македонци, 13,9 отсто државјани на Молдавија и 12,1 отсто државјани на Украина.

Податоците покажуваат дека во текот на 2012 година вкупно 818. 000 странци добиле државјанство на земја од ЕУ, што покажува раст од четири проценти во однос на 2011 година.

Најмногубројни меѓу нив биле граѓани од Мароко, Турција, Индија и Еквадор.

Меѓу државјаните на ЕУ, кои добиле жителство во друга држава од Заедницата, најмногубројни биле Романците, Полјаците и Италијанците.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална