Европските лидери ја повикаа Србија де факто да го признае Косово, Приштина да формира ЗСО

Од:

Со цел да се постигне брз напредок во имплементацијата, го повикуваме Косово да започне процедура за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, како што е пропишано во нацрт-статутот, а Србија да изврши де факто признавање. Формалностите, вклучително и усвојувањето, не треба да застанат на патот за напредок по ова прашање, изјавија во заедничка изјава францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Сега очекуваме Косово и Србија брзо да се договорат за деталите во дијалогот што го води ЕУ. Во отсуство на напредок во нормализацијата на односите, двете страни ризикуваат да изгубат важни можности. Го поздравуваме ангажманот на двете страни во разговорите вчера во Брисел. Ги земаме предвид коментарите на двајцата лидери на Косово и Србија за Европскиот статут за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово и нивната изразена подготвеност за негово спроведување – се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија