Европскиот медитерански сеизмолошки центар предупредува за цунами по земјотресот на Крит

Од:

По земјотресот од 6,3 степени јужно од грчкиот остров Крит, Европскиот медитерански сеизмолошки центар издаде предупредување за цунами, а грчкиот професор и сеизмолог Герасимос Пападопулос, на неговиот фејсбук-профил напиша дека во тек е мало цунами и повика граѓаните да се оддалечат од крајбрежјето, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните информации од Крит, силниот земјотрес предизвика помала материјална штета, се урна мала стара црква, но и создаде паника кај граѓаните од градовите и селата во близина на епицентарот.

Земјотресот со интензитет од 6,3 беше регистриран кусо пред 12.30 часот по локално време во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Крит.

Ова е втор силен земјотрес на Крит во изминатите 15 дена, а според грчките сеизмолози денешниот не е поврзан со оној од 5,8 степени, регистриран на 27 септември, јужно од градот Ираклио.

Само осум минути по силниот потрес во близина на Крит, беше регистриран земјотрес од 4,5 степени северозападно од островот Карпатос.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он