Европската централна банка (ЕЦБ) времено ја спаси Грција од банкрот, со својата одлука да ја гарантира исплатата на доплнителни кредити за грчката Централна банка, тврди во денешниот број германскиот веник „Билд“.
Според весникот, со одлуката на Управниот совет на ЕЦБ, донсена во четвртокот, за гаранцијата за нови кредити, на Грција и се обезбедени средства за финасирање на нејзините потреби до крајот на септември.
Благодарение на ваквата одлука на ЕЦБ, грчката Влада ќе може да позајми дополнителни четири милиони евра, што ќе и биде доволно да ги покрие своте трошоци додека „тројката“ во септември донесе одлука дали на земјата ќе и биде исплатена нова транша од помошта со вкупен износ од 31,3 милијарди евра, оценува „Билд“
Весникот потестува дека досега грчката Централната банка можеше да се задолжува до три милијарди евра, но со гаранцијата за уште четири милијарди од ЕЦБ, Грција сега ќе може да подогне кредити во висина до седум милијарди евра.
ЕЦБ одби да ги коментира ваквите оценки на „Билд“.