За нападот во Бургас била употребена најмодерна експлозивна направа, изјави директорот на Европол Боб Вејнрајт.
Бомбата била активирана со далечински управувач, кој бил анализиран од експерт на Европол. Иако првично беше објавено дека станува збор за самоубиствен напад, истражувачите сметаат дека напаѓачот воопшто немал намера да се самоубие.
– Двете фалсификувани американски возачки дозволи, кои беа пронајдени во близина на нападот, се испратени во Либан, каде што биле изработени, истакна Вејнрајт, додавајќи дека според бугарските власти станува збор за вмешаност на организацијата Хезболах.
Европол испрати неколку свои експерти во Бугарија да помогнат во истрагата на бомбашкиот напад.
– Истражните органи не утврдиле директна врска со Иран или со друга терористичка група, поврзана со Ал Каеда, нагласи Вејнрајт.