Европарламентот за преговори со Србија во декември

Од:

Со реформите и ангажирањето на спроведувањето на Бриселскиот договор, Србија заслужи веќе во декември да почне преговори за приклучување кон ЕУ, пишува во нацрт годишниот извештај за напредокот што наскоро ќе се најде пред пратениците на Европскиот парламент, јави Танјуг.

– Сметаме дека меѓувладината конференција на ЕУ и Србија треба да се одржи во декември 2013 година, ако се исполнат условите кои во јуни ги зацрта Европскиот совет, се вели во нацрт-извештајот за кој кон крајот на месецот ќе расправаат членови на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.

Во документот се констатира дека Србија остварила значаен напредок во процесот на евроинтеграции, а властите се повикуваат да истраат во општествено-економските реформи.

Освен тоа, Парламнетот ги поздравува напорите за имплементација на Бриселскиот договор и ја истакнува клучната важност на локалните избори на Косово што се закажани за 3 ноември.

– Ги охрабруваме властите во Белград да се ангажираат со српската заедница на Косово и да се воздржат од форсирање на која било одделна листа, туку исклучиво да се посветат на поттикнување на што поголема излезност на локалните Срби, се додава во нацрт-извештајот.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ