Европарламентот ја повика Турција да го признае „ерменскиот геноцид“

Од:

Европскиот Парламент денеска усвои Резолусија со која ја повика Турција да ја искористи „стогодишнината од османлиските злосторства и да го признае ерменскиот геноцид“, со што ќе придонесе за помирување меѓу двата народи.

Според предлагачите на Резолуцијата, нејзина цел е да придонесе за намалување на тензиите што настанаа во врска со „случувањата од пред еден век кои резултираа со смрт и иселување на повеќе од 1,5 милиони Ерменци од нивните домови на територијата на Отоманската Империја“.

– Европскиот парламент ќе ги смета како чекор во вистинската насока сите постапки на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и на другите високи претставници со кои ќе бидат признати злосотрствата извршени врз отоманските Ерменци, се наведува во документот.

Аналиитчарите проценуваат дека со ваквата Резолуција на Европарламентот, прашањето за признавањето на „ерменкиот геноцид“ може да прерасне во уште еден „камен на сопнување“ во преговорите меѓу Брисел и Анкара за членство на Турција во ЕУ, покрај забелешките на Унијата околу почитувањето на човековите права. с

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ