Еврокомисијата останува со поддршка на Димас за претседател на Грција

Од:

Европската комисија и денеска, откако вчера портпаролската служба јавно изрази поддршка на кандидатот на грчкиот премиер Андонис Самарас, Ставрос Димас, за нов претседател на Грција, не негираше дека првпат завзема страна во рамки на демократски избори во нејзина земја-членка, јави дописникот на МИА од Брисел.

Маргаритис Схинас, портпарол на Еврокомисијата и поранешен грчки европратеник и член на владејачката Нова Демократија, истакна дека не е ништо чудно што Комисијата смета дека Димас, како поранешен еврокомесар, е добро решение за претседател на Грција.

– Вчерашната изјава на ЕК има три елементи во себе. Прво, тоа е дека одлуката за претседателски избори е демократски избор и Комисијата чувствува дека тоа ќе разјасни многу работи во однос на грчката програма за извлекување од финансиската криза. Единствен кандидат, засега е поранешниот еврокомесар Димас, кој е убеден Европеец и за Комисијата тој факт формира јасна порака во момент кога луѓето се сомневаат во грчката посветеност на Европа, исткана портпаролот на Еврокомисијата.

Според Схинас, сепак, изборот на нов претседател на Грција, сега е во рацете на грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот