Еврокомисијата ќе препорача Албанија да стане земја-кандидат за членство во ЕУ

Од:

Европската комисија ќе даде безусловна препорака Албанија да добие статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според информациите од Комисијата, во предлог-извештајот што Еврокомисијата ќе го објави на 16-ти овој месец, Албанија првпат ќе добие јасна и безусловна препорака за зачленување, што потоа треба да ја потврди и Европскиот совет и земјата официјално да стане кандидат за членство.

Откако годинава, според Комисијата, успешно беа спроведени демократски парламентарни избори, при што дојде до промена на власта со доаѓањето на премиерското место на проевропски ориентираниот Еди Рама , Албанија со крупни чекори се врати на евроинтегративнито пат, што сега Брисел ќе го награди со кандидатски статус.

Сепак, прашање е дали оваа препорака на Еврокомисијата ќе ја прифати Советот, со оглед на тоа што некои земји-членки на ЕУ се против Албанија годинава да стане кандидат, додека на дело не се видат потезите на новата власт.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on