Сопствениците на „жолтата куќа“, нема да дозволат ЕУЛЕКС да води истрага во нивниот дом или т.н. „жолта куќа“ во која наводно се вршело вадење на органи на српски затвореници за време на војната на Косово во 1998/99 година.
Член на семејството Катучи од албанското село Гур соопшти дека не го признава усвоениот закон од албанскиот Парламент со кој на ЕУЛЕКС му се дава право да ги истражува тврдењата за незаконските трансплантации и нема да дозволат влез на обвинителите во нивниот дом.
„Осум години баравме да дојдат за да истражат и да се расветли лагата што ја кажуваат. Се обративме до сите албански државни функционери и институции. Од никаде не добивме одговор. Сега бараме да не остават на мира“, рече синот на Абдула Катучи, сопственикот на куќата и додаде дека сето тоа е лага која ја кажале Карла дел Понте и Дик Марти.
Во 2004 година се водеше истрага за овој случај и немаше никакви докази. Семејството поднесе пријава до Судот во Тирана со која бара обештетување во износ од 10 милиони лека (5 милиони денари), за навреда на честа.
ЕУ формира специјална екипа, која ќе спроведе истрага, што ќе ја раководи американскиот обвинител Џон Клинт Вилјамсон.
Поранешниот швајцарски сенатор Дик Марти, заедно со претставници на албанското Министертво за правда во август 2009 пристигнаа во селото Гур, но семејството Катучи, на кое му помогнаа и соселаните, го блокираа патот до куќата и по неколку часовна тенизична атмосфера, делегацијата беше приморана да се врати назад во Тирана.