ЕУФОР подготвен да интервенира ако дојде до судири

Од:

Мировните сили на Европската унија (ЕУФОР) во БиХ ги предупредија домашните лидери дека се подготвени во кус рок да интервенираат доколку дојде до нови судири во БиХ, пренесува сараевскиот портал Кликс.

– Многу нешта се постигнати, но многу може и да се изгуби, изјави командантот на ЕУФОР во БиХ генерал-мајор Антон Валднер.

ЕУФОР во БиХ има распоредено 800 војници.

Валднер истакна дека политичките лидери го имаат најмоќниот клуч во своите раце, и оти ЕУФОР се уште го има правото во многу кус период значително да го зголеми бројот на војници на просторот на БиХ.

– Нема да се воздржувам да ги повикам резервните сили доколку тоа биде потребно, истакна Валднер.

Новиот шеф на операции на ЕУФОР генерал Џејмс Еварард изјави дека постои игра на надворешно влијание во поширокиот регион на Западен Балкан и оти во случајот на БиХ, тие игри можат да влијаат на напредокот на земјата.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

(ВИДЕО) Воени возила на ЕУФОР на улиците на Бања Лука

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор