ЕУ вознемирена од политичката ситуација во Албанија

Од:

Европската унија изрази вознемиреност заради тензиите предизвикани од политичката клима во Албанија пред парламентарните избори закажани за 23 јуни, објавуваат печатените медиуми во Тирана.

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон вели дека Унијата очекува албанските политички лидери да работат заедно за да докажат дека се надминати проблемите од минатото.

– Владејачката гарнитура и опозицијата во Албанија треба да најдат начини за да соработуваат, се вели во декларација. Во неа се упатува повик да се избегнува националистичка реторика и се потсетува дека државата е членка на НАТО.

Во исто време во Тирана е и претставникот на Стејт департментот Џонатан Мур кој имаше средби со албанскиот премиер Сали Бериша и со лидерот на опозицијата Еди Рама.

Во разговорите била разгледана предизборната ситуација во државата како и прашањето за обнова на работата на централната изборна комисија по оставката на тројца нејзини претставници од опозицијата. Тие го обвинија Бериша дека се обидува на секаков начин да ја контролира работата на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он