Европската унија се согласи денеска да ги обнови преговорите за членство на Турција, но го одложува за најмалку четири месеци ефективниот датум за нов круг преговори, соопштија европски дипломати.
Германија бараше пауза во започнувањето на преговорите по ново поглавје, кое првично беше планирано за среда, поради загриженоста во однос на цврстиот пристап на Анкара за време на неколкунеделните протести низ земјата.