Европската Комисија реагираше на скандирањето „За татковината спремни“ на концертот на Марко Перковиќ Томпсон и на другата усташка симболика што некои посетители на концертот ја користеа во песните и знаците во Загреб во петокот и саботата.
„Остро го осудуваме секој израз на фашизам што нè потсетува на најтемните периоди од европската историја“, рече Европската комисија кога беше прашана за концертот и настаните околу него, како и за изјавите дадени од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го бранеше оригиналниот усташки поздрав „За татковината спремни“ по концертот, велејќи дека тој е „составен дел од репертоарот на Томпсон“ и дека „сите мора да бидеме горди на концертот“. На ниво на ЕУ, постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, која ги обврзува земјите-членки да го криминализираат говорот на омраза. Ова вклучува јавно поттикнување насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, религија, потекло или национално или етничко потекло“, соопшти Комисијата.
„Земјите-членки се исто така обврзани да гонат јавното одобрување, негирање или грубо тривијализирање на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Националните власти се одговорни за секој поединечен извештај за говор на омраза или злосторство од омраза и од нив се бара да дејствуваат во согласност со националното законодавство со кое се транспонира оваа Рамковна одлука“, изјави портпаролот на Комисијата.