ЕУ перспективата на Западен Балкан темa на Советот за надворешна политика во грчкото МНР

Од:

Европската перспектива на земјите од регионот и почеток на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, била една од темите за кои станало збор на денешниот состанок на Советот за надворешна политика, што се одржа во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ги информирал претставниците на политичките партии, кои се дел од Парламентот за последните случувања во грчката надворешна политика.

“Во однос на Западен Балкан, ги анализирав нашите иницијативи за промоција на интегративниот тек на државите од Западен Балкан, преку работниот појадок што го организиравме во декември во Брисел, но и преку Самитот на министрите за надворешни работи на балканските земји и државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи на 24 февруари во Солун”, рече Дендиас по завршувањето на состанокот.

Разговаравме и за темите што се поврзани со Балканот и почетокот на пристапни разговори со двете земји од Западен Балкан, рече пратеникот од “Нова демократија”, Ангелос Сиригос.

На состанокот што траеше над два часа, акцентот бил ставен на последните случувања во грчко – турските односи, а како што рече Дендиас, објаснил дека Грција е посветена на одржување на отворени канали на комуникација со Турција.

Фактот што одновно ќе започне дијалогот за Мерките за градење доверба со Турција, беше позитивно оценет и од претставниците на “СИРИЗА”.

Пратеничката од опозициската партија, Сиа Анагностопулу, по состанокот рече дека, за нив, постои големо несогласување во однос на тоа што значи активна и повеќедимензионална надворешна политика.

Коментирајќи го овој став, шефот на грчката дипломатија рече дека тие се подготвени да ги прифатат советите на соговорениците, бидејќи како што истакна, „во националните прашања не постојат партиски поделби“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он